2019-03-04 12:20:00

Учениците по македонски јазик на Мегународниот ден на мајчиниот јазик „Зборувај ми на својот јазик“

Веќе пета година по ред националните малцинства на градот Загреб со свечена манифестација го одбележуваат Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. УНЕСКО го прогласи 21. февруари за ден кога во целиот свет се слави денот на мајчиниот јазик као симбол на културните разновидности, со што се нагласува важноста на зачувување на јазикот. И оваа година Чешкиот народен дом во Загреб одѕвонуваше од веселите детски гласови, зборови и песни на руски, босански, македонски, албански, романски, унгарски, српски, полски и чешки јазик.

Учениците од основните и средните училишта кои ги учат јазиците на народите од кои потекнуваат, се собраа на 2. март 2019. година и покажаа што научиле во текот на годината со помош на нивните учители кои целата година предано работеа за таа убавина на јазикот да не исчезне и понатаму да се негува неговата богата култура на националите малцинства на нашиот град. Свечената прослава на Денот на мајчиниот јазик во главниот град на Хрватска го организира Координацијата на советите и претставниците на националните малцинства на Градот Загреб.

И учениците по македонски јазик покажаа дека вложија голем труд и учење на македонскиот јазик и култура, а веќе неколку години сестрано им помага учителката Деспина Белчовска Велинска која организира бројни прослави и дружења со родителите, трудејќи се македонскиот јазик да остане жив меѓу припадниците на македонското национално малцинство, но исто така дека можат да го учат сите оние што ги интересира македонската култура и писмо. Така и оваа година македонскиот јазик беше претставен со прекрасната љубовна народна песна Елено ќерко, која покажува колку e македонскиот јазик мелодичен и богат.

Учениците по унгарски јазик исто така се претставија со песна, рецитал и народни детски песни, а својот фолклор го покажаа и учениците по полски јазик, кои рецитираа познати стихови на полските писатели. Различноста и убавината на својот јазик го покажаа и учениците по српски, романски и албански јазик. Во Чешкиот дом тој ден можеа да се слушнат и тажни севдалинки кои ги отпеаа припадниците на бошњачкото национално малцинство. На крајот, говорниците на сите јазици заедно ја изведоа кратката претстава Дедото и репата, секој говореше на својот јазик и така симболично покажа дека можеме да зборуваме различни јазици, а сепак да се разбереме и заедно да уживаме. Затоа, зачувувањето на мајчиниот јазик е толку важно - да го чуваме и сакаме својот јазик, но притоа да ги почитуваме сите други јазици и да покажеме дека на овој свет има место за секој од нас, без оглед на тоа на кој јазик зборува и од која култура доаѓа.

Преку овие зборови проговорува убавината и богатството на разни јазици и култури на нашите простори.

 

ЗБОРУВАЈ МИ НА СВОЈОТ ЈАЗИК

                                     Превод од хрватски на македонски

                              Елена Јанкуловска 6.б

                                     ОУ Аугуста Харамбашиќа


Osnovna ¹kola Nikole Tesle Zagreb